Љубовната приказна на Андреја Бочели и Вероника: Поради неа го напушти семејството и никогаш не се покаја

Фото: Инстаграм

Андреја Бочели е во среќен брак со Вероника Берти, која од него е помлада 26 години, а двојката всушност е среќна поради таа голема разлика.

Славниот италијански тенор Андреја Бочели, актер е во една од најубавите љубовни приказни на денешницата, откако неговото срце го освои убавата италијанка Вероника Берти, која од него е помлада 26 години.

Фото: Инстаграм

Шеесет и двегодишниот Андреја и триесет и шестгодишната Вероника се запознале во 2002 година на една забава кога таа имала 18 години. Нивната љубов започнала како во некоја филмска приказна, откако тој истата вечер ја запознал и ѝ испеал арија, со што ја освоил.


– Сите беа таму и навистина беше прекрасен момент. Тоа беше најбрзиот почеток на една врска, бидејќи се зближивме истата вечер – во едно интервју Бочели се присетува на запознавањето со сопругата.


Двојката никогаш не се грижела за големата разлика во години, а Андреја објасни дека големата разлика во години е всушност традиција во неговото семејство и нешто што се подразбира.


– Меѓу моите родители исто така имаше голема разлика. Покрај тоа многу сум религиозен, а возрасната разлика е нешто што често го сретнуваме во библиските бракови – изјави оперскиот пејач и додаде дека со сопругата Вероника најмногу го поврзува токму музиката.

Андреја во тоа време бил во брак со (денес) поранешната сопруга Енрика Сензати, со која имаат двајца синови, но од неа се развел набрзо откако ја запознал Вероника.


Во 2012 година Вероника му ја роди ќерката Викторија, а тој убав настан двојката го одбележа, како поинаку ако не со песна, односно заедничка изведба на прекрасната љубовна композиција „Qualche Stupido“.

Фото: Инстаграм

Раѓањето на ќерката, како што ќе каже самиот пејач, е исполнување на неговиот сон, по два сина да има и една ќерка.


Две години подоцна Андреа ја одведе Вероника пред олтар и на 21 март 2014 година се венчаа на романтична церемонија во Тоскана.

Денес среќно живеат во Тоскана, а минатата година заедно се посветија на борбата со коронавирусот, која двајцата ја прележаа и успешно закрепнаа.


Инаку животниот пат на Андреја Бочели не е безболен. Пред да се роди лекарите ја советувале мајка му да го абортира нероденото бебе, бидејќи наводно откриле дека ќе се роди со телесен деформитет. Таа не го прифатила тоа, а Андреја во неколку пригоди ѝ оддаде признаие и благодарност за таквата одлука.


Сепак, кога се родил било откриено дека има вроден глауком, што му правел проблеми со видот. Среќата го служела до 12 години, кога на еден фудбалски натпревар го удриле со топка по глава и тој засекогаш го изгубил видот. Тоа не го обесхрило, напротив Андреја се посветил на музиката и настапувал на многу конкурси и натпревари каде освојувал награди.


Тој посветено работел и се образувал, а во 1992 година нештата се менуваат кога се пријавил на една аудиција со која се барал пејач за дует со Лучано Павароти. Аудицијата ја распишал пејачот Цукеро, кој веднаш му понудил ангажман. Следната година настапот на „Сан Ремо“ му ги отвора вратите во светот на славните.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот