Лига Европа: Радост за Адеми и Ристовски, Јунајтед пресилен за Реал Сосиедад!

Фото: EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO

Денеска продолжија возбудувањата и во Лига Европа, со првите натпревари од 1/16 финалето во кое настапуваат и неколку македонски интернационалци.

Динамо Загреб на Аријан Адеми и Стефан Ристовски славеа триумф на гостувањето во Русија против Краснодар со 2:3. Адеми кој ја носи капитенската лента на „модрите“ го одигра целиот меч, како и неговиот репрезентативен колега Ристовски.

На дуелот во Белград составот на Милан одигра нерешено против Црвена звезда (2:2). Пред крајот на првото полувреме „росонерите“ дојдоа до предност после автоголот на Панков. Израмнија „црвено-белите“ со погодокот на Канга од пенал во 52 минута, на ист начин Хернандез во 61 минута ја враќа позитивата на калчолигашот на стадионот „Рајко Митиќ“.

Иако домаќините беа со еден играч помалку од 77 минута поради двата жолти картони на Родиќ, во самиот финиш од дуелот спречија пораз благодарение на Панков (90+3`) кој на оваа пресметка стана трагичар, но и херој.

Најубедлив од сите екипи беше Манчестер јунајтед кој со една нога е во осминафиналето, со 0:4 убедливо го совлада Реал Сосиедад и реваншот на „Олд Трафорд“ треба да биде само рутина за играчите на Оле Гунар Солскјер. За „црвените ѓаволи“ двапати во листата на стрелците се запиша Фернандеш, а по еднаш Рашфорд и Џејмс.

Уште еден премиерлигаш може полека да мисли на следната фаза, тимот на Жозе Мурињо, Тотенхем со 1:4 беше подобар од Волфсбергер на неутралниот терен во Будимпешта. Сите дилеми беа решени уште во првиот дел, по еден погодок имаа Сон Хјунг-Мин, Бејл и Лукас, Австријците намалија од пенал во 55 минута преку Линдл, а во англиската екипа на гол се радуваше и Карлос Винисиус.

Лига Европа

1/16 финале, први натпревари –

Динамо Киев – Клуб Бриж 1:1
Брага – Рома 0:2
Црвена звезда – Милан 2:2
Краснодар – Динамо Загреб 2:3
Олимпијакос – ПСВ 4:2
Реал Сосиедад – Манчестер јунајтед 0:4
Славија Прага – Лестер 0:0
Волфсбергер – Тотенхем 1:4
Јанг Бојс – Баер Леверкузен 4:3

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот