Лига Европа, 1/16: Адеми има руска задача, Елмас патува во Шпанија!

Фото: twitter.com/EuropaLeague

Во Нион ги дознавме и паровите од 1/16 финалето во Лига Европа, второто по квалитет најголемо натпреварување на Стариот континент.

Преку групите во овој дел од елиминациските борби успеаја да се пласираат двајцата македонски репрезентативци Елиф Елмас (Наполи) и Аријан Адеми (Динамо Загреб). Хрватите за противник го добија рускиот претставник Краснодар, додека калчолигашот од Неапол ќе се сретне со шпанската Гранада.

Покрај учесниците кои ја поминаа групната фаза во ЛЕ, во жрепката се најдоа и третопласираните од групите во Лигата на шампионите.

Манчестер јунајтед пред себе ќе има сериозен противник, односно ќе се соочи со моментно првопласираниот во „Ла Лига“, Реал Сосиедад.

Се очекува да биде доста интересно и на дуелите Бенфика-Арсенал, Црвена звезда-Милан, Брага-Рома, Олимпијакос-ПСВ Ајндховен..

Првите натпревари ќе се играат на 18 февруари, додека возвратните мечеви ќе бидат на 25 февруари 2021 година.

Лига Европа 2020/21

1/16 финале, двојки –

Волфсбергер-Тотенхем
Динамо Киев-Клуб Бриж
Реал Сосиедад-Манчестер јунајтед
Бенфика-Арсенал
Црвена звезда-Милан
Антверп-Ренџерс
Славија Прага-Лестер сити
Салцбург-Виљареал

Брага-Рома
Краснодар-Динамо Загреб
Јанг Бојс-Баер Леверкузен
Молде-Хофенхајм
Гранада-Наполи
Макаби Тел Авив-Шахтјор Доњецк
Лил-Ајакс
Олимпијакос-ПСВ Ајндховен

ЛШ, осминафинале: Барселона го доби ПСЖ, Баерн Минхен против Лацио

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот