ЛШ, осминафинале: Барселона го доби ПСЖ, Баерн Минхен против Лацио

Фото: EPA-EFE/Harold Cunningham/UEFA HANDOUT

Денеска во седиштето на УЕФА, Нион, со жрепка беа извлечени осминафиналните двојки во најквалитетното европско натпреварување, Лигата на шампионите.

Носители беа првопласираните беа од групната фаза Баерн Минхен, Реал Мадрид, Манчестер сити, Ливерпул, Челси, Борусија Дортмунд, Јувентус и ПСЖ, а неносители Атлетико Мадрид, Борусија Менхенгладбах, Порто, Аталанта, Севиља, Лацио, Барселона и Лајпциг.

Бранителот на титулата од минатата сезона, екипата на Баерн во овој дел од нокаут-фазата ќе ги одмери силите против римски Лацио.

Како најинтересен може да се одвои дуелот помеѓу Барселона и ПСЖ, односно Нејмар ќе се сретне против својот поранешен клупски играч Лионел Меси.

Првите натпревари ќе се играат на 16, 17, 23 и 24 февруари, а реванш средбите на 9, 10, 16 и 17 март 2021 година.

Лига на шампиони 2020/21

Осминафинале, двојки –

Борусија Менхенгладбах-Манчестер сити
Лацио-Баерн Минхен
Атлетико Мадрид-Челси
Лајпциг-Ливерпул
Порто-Јувентус
Барселона-ПСЖ
Севиља-Борусија Дортмунд
Аталанта-Реал Мадрид

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот