Леклер го победи Ферстапен на домашната патека на Ред Бул

Шарл Леклер беше најбрз на Ред Бул ринг/фото: EPA-EFE/CHRISTIAN BRUNA

Возачот на Ферати, Шарл Леклер победи на трката за Големата награда на Австрија која се возеше на патеката „Ред Бул ринг“ и која беше 11 трка во формула 1 шампионатот.

Ова беше трета победа за Леклер сезонава и петта во кариерата. Интересно е што ова беше прва победа за Леклер во која трката не ја започнал од пол позицијата. За Ферари пак, ова беше прва победа на „Ред Бул ринг“ од 2003 година.

Возачот на Ферари славеше пред актуелниот шампион Макс Ферстапен од Ред Бул, а последното место на победничкиот подиум го обезбеди Луис Хамилтон од Мерцедес.

Леклер и неговите механичари беа подобри од Ферстапен и неговиот тим и на патеката и во боксот и тоа го одлучи победникот. Прво Леклер во 12. круг успеа да го претекне Ферстапен и да избие на лидерската позиција, а потоа неговите механичари подобро ја завршија работата од тие во Ред Бул при менувањето на пневматиците.

Леклер во последните шест круга, од 65. до 71. имаше проблеми со педалата за гас, но и покрај тоа успеа да ја задржи предноста и на крајот да триумфира пред Ферстапен.

Од четвртото до десеттото место се пласираа Џорџ Расел, Естебан Окон, Мик Шумахер, Ландо Норис, Кевин Магнусен, Даниел Рикиардо и Фернандо Алонсо. Следната трка ќе се вози на 24 јули за Големата награда на Франција и тоа на патеката „Пол Рикар“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот