Легендарниот Бубка веќе не е најголем „скокач“, светски рекорд на Дуплантис

epa08677147 Armand Duplantis of Sweden in action during the new Pole Vault world record (6,15 mt) at the IAAF Pietro Mennea Golden Gala Diamond League Meeting at Stadio Olimpico in Rome, Italy, 17 September 2020. Having broken the world record indoors twice this season, the Swedish star eclipses Sergey Bubka's 26-year-old outdoor mark in Rome. He cleared 6.15m with his second attempt. EPA-EFE/GIUSEPPE FAMA

Младиот 21-годишен шведски атлетичар стана првиот човек во историјата кој прескокна 6.15 метри во скок со стап на отворено.

Неверојатниот Дуплантис светскиот рекорд го оствари на митингот од Дијамантската лига во Рим. Тој за еден сантиметар го надмина досегашното рекордно остварување кое беше во сопственост на легендарниот Сергеј Бубка.

Годинава во неколку наврати Дуплантис беше многу блиску до големиот подвиг, а конечно му се посреќи во „вечниот град“. Швеѓанецот до рекордните 6.15 метри дојде во вториот обид.

Арманд Дуплантис е светски рекордер и во сала, тој годинава во Бирмингем, Англија прескокна дури 6.18 метри што е апсолутен светски рекорд во скок со стап.

Митингот во Рим помина во сенка токму на неверојатниот Дуплантис, а големи победи остварија Јужноафриканецот Акани Симбине и Јамајчанката Елејн Томпсон на трките на 100 метри.

Неизвесно беше и на трката на 3.000 метри во машка конкуренција на која победи Џејкоб Киплимо од Уганда со време од 7:26.64 минути, додека второто место му припадна на Норвежанецот Јакоб Ингебригстен кој имаше време од 7:27.05 минути.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот