Курти нема да преземе мерки против Ракиќ, ги повика луѓето да ги предадат српските таблички

Албин Курти/ Фото EPA-EFE/VALDRIN XHEMAJ

Премиерот на Kосово, Албин Курти, денеска ги повика граѓаните лично да ги предадат српските регистарски таблички и рече дека нема да преземе ништо против српскиот министер во косовската влада, Горан Ракиќ, кој им се придружи на граѓаните на административниот премин Јариње, пренесува Коха.

Тој на прес-конференцијата изјави дека замената на регистарските таблички не може да се направи веднаш бидејќи сите возила не се во сообраќајот и дека нивната намера не е да се следат сите возила што немаат ознаки на Косово.

Курти, исто така, рече дека министерот Ракиќ лично го известил дека „не се обидува да ја ескалира ситуацијата“.

„Имаме несогласувања, но не можам да се жалам дека не комуникацирав со него. Колку што сум информиран и колку што ми кажа тој, верувам дека Ракиќ се обидел да не ја ескалира ситуацијата, дека немало насилна акција и нема да преземам мерки против него“ рече Курти.

Тој додаде дека специјалните полициски единици се на северот на Косово со цел да ги заштитат и чуваат административните премини, и уште еднаш ги повика граѓаните да ги отстранат бариерите.

Тој вели дека е среќен што проблемот со регистарските таблички дојде до неговиот крај.

„Пречките на патот и овие камиони се сопственост на општините и тоа е повреда на јавниот имот. Ги повикувам градоначалниците да ги повлечат општинските возила од патот и Србите да се откажат затоа што со ова се блокираат самите“ вели Курти.

Косово, Србија и преговори: Зошто се забранети српските регистарски таблички?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот