Косово издаде околу 1.500 тест таблички за 24 часа

Косовските власти последниве 24 часа издадоа 1.455 пробни регистерски таблички во претходните 24 часа, објави косовското Министерство за внатрешни работи . Оваа бројка е постигната за само еден ден по воведувањето на новата мерка за реципроцитет, со која се обврзуваат српските сопственици на регистарски таблички да ги заменат со привремени

Сопствениците на автомобили со српски регистарски таблички од вчера наутро се должни да ги заменат со привремени, издадени од косовското Министерство за внатрешни работи, при влез на територијата на Косово.

Од денеска, како што беше претходно најавено, граѓаните можат да преземат привремени регистарски таблички во сите сообраќајни центри за регистрација на возила во Косово, пишува КоССев.

Косовското министерство за внатрешни работи соопшти дека полицијата, врз основа на своите должности и овластувања, продолжува да презема полициски акции на целата територија на Косово, вклучувајќи ги и сите премини со цел да се спроведе договорот за слободно движење.

„Косовската полиција континуирано се грижеше за одржување на јавниот ред и безбедност и ги презеде сите неопходни оперативни и логистички мерки со цел да се овозможи слободно движење на луѓе и стоки на национално ниво“, велат од министерството.

Уште еднаш ги повикаа граѓаните што планираат да ги користат премините Брњак и Јариње, доколку е можно, да одат на други премини бидејќи, како што рекоа, „создаваат можни пречки“.

Тие истакнаа дека ситуацијата е мирна и без инциденти, и дека полицијата ќе продолжи да ги извршува своите должности во интерес на одржување на редот, мирот и јавната безбедност во земјата.

Додека ова министерство наведува дека ситуацијата е мирна, два премини на Северот на Косово – Брњак и Јариње се уште се блокирани, а од вчера наутро е невозможно да се помине со автомобил, туку само само пеш.

Таму и сега, граѓаните се незадоволни од воведувањето на новата мерка

На блокадите од една страна стојат косовските срби предводени од највисоките претставници на Српската листа, додека од друга страна се распоредени припадниците на специјалните единици на косовската полиција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот