ВИДЕО: „Еве го Рамбо“ – Србите се подбиваат со косовските специјалци на границата

Не попуштаат тензиите на граничните премини меѓу Косово и Србија, каде се распоредени десетици возила на специјалните единици на косовската полиција. Според српските медиуми, меѓу специјалците има и снајперисти со големокалибарски пушки и тие стојат лице в лице со стотици Срби од северот на Косово, кои ги блокираат граничните премини во двете насоки.

На социјалните мрежи се појавија снимки на кои се гледа како Србите се потсмеваат со косовските специјалци, упатувајќи им погрдни зборови и пораки.

Во текот на денот, бројот на Срби на граничниот премин Јариње се зголемил во однос на минатите денови, пишуваат медиумите.

Последните тензии меѓу Србија и Косово настанаа откако Приштина одлучи да не пушта возила со српски таблички да влезат во Косово и бараат нивна замена со привремени. Во општините на северот на Косово со мнозинско српско население, досега беше можно да се вози со регистерски таблички со ознаките на косовски градови, но издадени од српското Министерство за внатрешни работи, што беше спротивно на т.н. Бриселски договор на Косово и Србија за слобода на движење.

Од Приштина испратија силни полициски сили, а одлуката за табличките ја нарекоа „потег за реципроцитет“. Премиерот на Косово, Албин Курти, рече дека оваа одлука не е донесена доброволно од Косово, туку е наметната од „другата страна“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот