Косовската полиција дозволува само „РКС“ регистарски таблички, Вучиќ свика седница на Советот за безбедност

Косово и Србија/ Фото Zoonar GmbH / Alamy / Alamy / Profimedia

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, за утре во 10 часот закажа итна седница на Советот за национална безбедност, на која главна тема ќе бидат настаните во Косово, пренесува Блиц.рс.

Од утрово, специјални единици на косовската полиција биле лоцирани во непосредна близина на два административни премини на северот на Косово-Јариње и Брњак, кон Србијa, пренесува КоССев.

Косовските полицајци ги одземаат регистарските таблички со ознаки од северно Косово, додека возилата со регистарски таблички од централна Србија мора да земат пробни таблички и да платат осигурување, за што властите во Приштина претходно ја имаат известено српската полиција, пренесува Н1.рс.

Кај Јариње, на местото каде што вчера беа поставени контејнери и каде двапати претходно беа запалени граничните пунктови, патот е блокиран со камиони, како и од собраните граѓани и специјални единици на косовската полиција, јавија српските медиуми.

Министерот за внатрешни работи на Косово, Ѓељај Свечија, соопшти на својот Фејсбук профил дека дејствијата на косовското Министерство за внатрешни работи се насочени кон спроведување на договорот за слободно движење – особено за регистарските таблички на возилата.

„Во оваа прилика, со цел да се овозможи слободно движење на граѓаните по истекот на договорот од 14 септември 2014 година, Министерството за внатрешни работи донесе одлука со која се уредува и се обврзува да се обезбедат привремени регистарски таблички за сите возила со српски регистарски таблички што влегуваат територијата на Република Косово, на своите гранични премини“ се наведува во соопштението.

Во него се додава дека од 15-ти септември возилата со регистарски таблички со ознака „КС” повеќе не можат да сообраќаат и дека единствените официјални и валидни регистарски таблички се оние издадени од службениците на МВР и со ознака „РКС”.

Косовската полиција постави контејнери во близина на преминот Јариње, граѓаните вознемирени, сметаат дека е провокација

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот