Кулинарски тајни: Како да приготвите меки и сочни шницли?

Фото: Профимедиа

За да бидат сочни и меки пржените шницли, можете да користите лебни трошки. Шницлите исчукајте ги, посипете ги со зачини и потоа валкајте ги во лебни трошки. Секоја шницла пропржете ја од двете страни.

Уште помеки ќе бидат ако ги правите со јајца. Исчуканите шницли посолете ги, зачинете, додајте лук во прав и оставете ги да стојат во претходно матени јајца. Потоа валкајте ги во брашно и пржете ги на тивок оган.

Пробајте шницли во тесто – сè што е потребно е да ги завиткате во лиснато тесто и да ги ставите да се печат. Исто така многу се вкусни во комбинација со печурки. Во огноотпорен сад наредете ги шницлите, потоа печурките, топен кашкавал и преку нив павлака.

За да добиете вкусни шницли, користете меко телешко месо или немасно свинско. Исечете го на помали парчиња, исчукајте го со кујнски чекан, наредете ги во сад, посолете, зачинете, попрскајте со малку лимонов сок и наредете друг ред месо, па повторете ја постапката. Садот нека стои преку ноќ во фрижидер, а следниот ден ќе можете да ги пржите без капка масло и нема да ви е потребно повеќе од две минути за секоја шницла.

Ако користите пилешко месо немојте да претерате со чукање, затоа што ако ги истенчите многу ќе се кинат. Послужете ги со прилог по избор – вариво, печен зеленчук, ризото и др.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот