Кралицата денес ја обожава Кејт, а порано за неа зборуваше дека е мрзлива – Поради тоа Вилијам и дал интересен прекар!

профимедиа

Сопругата на принцот Вилијам, Кејт Мидлтон (38) ужива големо почитување од јавноста и останатите членови од кралското семејство, а големи симпатии има и кај кралицата Елизабета (93), бабата на нејзиниот сопруг, принцот Вилијам (37).

Меѓутоа, иако сега се чини дека во нивниот однос се е идеално, тоа не беше случај пред Кејт да му стане сопруга на принцот и војвотка од Кембриџ.

Како што пишува британскиот „Express”, војвотката од Кембриџ денес работи толку напорно па токму поради тоа многу ослабела и со тоа ги загрижува најблиските, а некогаш кралицата за неа говореше дека е мрзлива.

профимедиа

– Кејт му беше девојка на Вилијам одум или девет години пред да се верат и венчаат, изјави портпаролот на кралското семејство Фил Дампие за овој сајт.

– Во еден период делуваше дека работи многу малку. Кралицата еднаш спомна дека Кејт не работи премногу, поради што верувам дека се одложи толку нејзиното влегување во кралското семејство.

Овој коментар на кралицата беше повод принцот Вилијам на својата сопруга да и даде интересен прекар, „Duchess of Dolittle”, што грубо преведено значи Војвотка од Малку работа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот