Костовски: Георгиевски ти си посебен, Македонијо се гледаме горди и достоинствени на плоштад

Дејан Георгиевски во категоријата над 80 кг. го освои сребрениот медал на таеквондо турнирот на Олимписките игри во Токио, Јапонија.
Тоа е втор медал во историјата на Македонија на Летните олимписки игри, се надеваме дека и останатите наши олимпијци во Јапонија ќе се борат со истиот ентузијазам како Георгиевски на патот до победничкиот подиум:
Веднаш после големото финале своја објава на социјалните мрежи имаше тренерот на Георгиевски, Дарко Костовски:
– СЛАВА ТЕБЕ ГОСПОДЕ! ИМАМЕ СРЕБРЕН МЕДАЛ ОД ОЛИМПИСКИ ИГРИ ТОКИО 2020!!! Го имаме најголемиот историски успех од како нашата Македонија е независна, браво лаву, браво јунак, ти си новата спортска МАКЕДОНСКА ИКОНА, ти си идолот на новите генерации!!!
А тебе докторе, тебе брат Борче Костовски за тебе имам неколку збора, ти си посебен, ти си генијалец и твојата работа низ годините наназад НЕ МОЖЕ со збор да се опише, тоа е за филм!
Фала му на господ што те имам до мене, и што те има Деки до него, денешните стратегии беа како тие на Александар Македонски!
ТЕСНО ФИНАЛЕ, НЕ ДОСУДЕН ЧИСТ УДАР ВО ГЛАВА, ЧИСТ НО ТОА Е СПОРТОТ, ЗНАЕ ДА Е СУРОВ. УХХХ СРЕБРО НА ОЛИМПИСКИ ИГРИ ВО ФУЛ КОНТАКТЕН БОРЕЧКИ СПОРТ, ВО ОЛИМПИСКО ТАЕКВОНДО, СОН СО КОЈ ЈАС И БРАТ МИ ЖИВЕЕВМЕ ОД КАКО ПОСТОИ ТАЕКВОНДО КЛУБ БУТЕЛ!
МАКЕДОНИЈО РАДУВАЈ СЕ, СЕ ГЛЕДАМЕ НА ПЛОШТАД, СЕ ГЛЕДАМЕ ГОРДИ И ДОСТОИНСТВЕНИ НА ПЛОШТАД!!! ЗА МАКЕДОНИЈА – напиша Д. Костовски на Фејсбук.