Костадинов од СДСМ ќе ја донира декемвриската плата за социјално ранливите семејства

Коста Костадинов, пратеник од редовите на СДСМ и портарол на партијата преку социјалните медиуми соопшти дека неговата декемвриска плата ќе ја донира за социјално ранливите семејства во Македонија.

„Еден од темелите на мојата социјалдемократска идеологија е солидарноста. Доаѓа време на среќни моменти, моменти кога треба да бидеме со семејствата, да земеме воздишка од сиот товар кој ни го носи секојдневието.

За жал, корона кризата погоди многу семејства. Па поради тоа сметам дека не е време само за гола критика, туку време за обединување, време за на дело да покажеме дека сме луѓе, време за разбирање и подавање рака.

Мојата декемвриска плата ќе оди за поддршка на социјално ранливи семејства, кои сега имаат потреба од нас, кои можеме да си овозможиме понормален живот. Знам дека ова е само капка во морето, но доколку сите дадеме свој придонес, ќе го максимализираме ефектот. Да направиме чекор!“, сподели Костадинов со јавноста.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот