Косово ги олеснува мерките против ковид-19: Здравствените работници велат дека ова се „самоубиствени“ политички акции
Владата на Косово денес донесе одлука за олеснување на анти-ковидните мерки за своите граѓани. На виртуелниот состанок донесе одлука за целосно отстранување на полицискиот час и во црвените зони.
Предвидено е и продолжување на работното време за економските оператори во црвената зона, меѓу кои се и угостителите. Според денешната одлука тие ќе можат да работат до 22 часот. Студентските домови и мензи ќе работат со почитување на прирачникот за заштита од ковид-19. Исто така, беше одлучено студентите да се вратат на предавањата на универзитетот, со што ќе се прекине наставата преку Интернет.
По оваа владина одлука лидерите на Сојузот на здравствените синдикати, ја нарекоа скандалозна и неприфатлива. Здравствените работници ги повика Националниот институт за јавно здравје и експертите за здравство да се дистанцираат од скандалозните и „самоубиствените“ политички акции, повикувајќи ги да не бидат дел од скандалозните одлуки за народот на Косово.
Микробиологот Лул Рака дека за оваа одлука, актуелната Влада воопшто не се консултирала со советодавниот одбор.
Рака понатаму изјави дека е против ослободување на мерките во овој момент, велејќи дека олеснувањето на мерките ќе придонесе за ширење на вирусот.
Во последните 24 часа во Косово регистрирани се 344 нови случаи на ковид-19, а имало два смртни случаи. Вкупниот број на активни лица со ковид-19 е 7 008.