Коронавирусот повторно виновен – Одложено 78-то доделување на Златен глобус

Свеченото доделување на филмските награди Златен глобус ќе се одржи на 28 февруари 2021 година, а не во јануари како што досега беше вообичаено, објавија организаторите.

Наградите Златен глобус ќе се доделуваат во викендот кој беше предвиден за доделувањето на Оскарите, а свеченоста на нивното доделување е поместена на 25 април.

Наградата Златен глобус ја врачува Асоцијацијата на новинари од странство, акредитирани во Холивуд. Се доделува еднаш годишно и според престижот е на второ место, по Оскарот.

Ритамот на холивудскта филмска индустрија целосно е пореметен поради пандемијата на коронавирусот, кој ги испразни киносалите во изминатите три месеци.

Организаторите за доделувањето на Оскарите исто така се сложија да го продолжат периодот на квалификации – од 31 декември оваа година до крајот на февруари 2021 година.

Доделувањето на наградите БАФТА, Британската академија за филмска и телевизиска уметност, исто така е одложено за 11 април.

Поради пандемијата, снимањето и пост-продукцијата на многу филмови кои требаше да бидат прикажани до крајот на годината, се одложени до неопределено време.

Доделувањето на Оскарите досега било одложувано само три пати – поради поплавата во Лос Анџелес 1938 година, поради убиството на Мартин Лутер Кинг во 1968 година и обидот за убиство на претседателот Роналд Реган во 1981 година.

Не е познато дали доделувањето на престижните филмски награди ќе биде одржано онлајн или во живо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот