Коронавирусот ја принуди Џио Струмица да го откаже реваншот со Омонија!
Како што информираат од одбојкарскиот клуб Џио Струмица после поразот на првиот натпревар од 1/16 финалето во ЦЕВ Челинџ купот од Омонија во Никозија (0:3), следуваше нова лоша вест за македонската екипа.
Препорачано
Се променија сите летови од Кипар кон Грција и другите земји во порани часови поради целосното затворање во карантин на градовите во Кипар и Грција, а со тоа и нивните аеродроми.
Тоа значеше откажување на денешниот втор реванш меч во взаемен договор помеѓу Џио Струмица, Омонија и ЦЕВ со цел безбедно пристигање на нашиот клуб во Струмица.
– Ви благодариме на сите за несебичната подршка во ова наше европско претставување. Посебна благодарност до МНР, македонската амбасада во Атина, грчката амбасада во Скопје, Агенцијата за млади и спорт, Одбојкарската федерација на Македонија и Општина Струмица без чија помош организацијата на ова патување во ваква вонредна ситуација не би се случила.
Се надеваме на подобри времиња на сите нас. Останете во добро здравје со вашите најблиски! – известуваат од ОК Џио Струмица.


