ЦЕВ: Пораз на Џио Струмица во европскиот Челинџ куп!

Фото: facebook.com/Omonoia-Volleyball

Откако по подолго време се врати на евросцената, одбојкарскиот клуб Џио Струмица немаше успешна презентација на првиот натпревар во Челинџ купот на ЦЕВ.

На гостувањето кај Омонија, сè уште актуелниот освојувач на двојната круна во Македонија не освои сет и за само 70 минути загуби од кипарскиот претставник со 3:0.

Нашиот претставник освои 20 поени во првиот, 19 во вториот и 18 во третиот сет, па доколку сака пласман во следната фаза, утре напладне (3 ноември, 12.00 часто), исто така во Никозија, треба да го совлада противникот со кој било резултат, да се избори за „златен сет“ и да слави во него.

Во тој случај ќе обезбеди осминафинале најверојатно со турската екипа на Зират банка од Анкара. Во спротивно, ќе ги заврши настапите со елиминација во оваа натпреварувачка етапа.

Вториот наш тим во Челинџ купот на ЦЕВ, Вардар, наместо во наредните два дена, во Словенија ќе гостува во периодот од 17-19 ноември.

Калцит Камник од Словенија не успеа да се заштити од ковид-19, па е спречен да игра во првичниот термин, по што ЦЕВ понуди нов, а Вардар прифати без оглед што можеше да одбие и да бара директен влез во осминафиналето и многу веројатно средби со екипа од едно од најсилните првенства во светот – Алианц Пауерволеј од Милано, Италија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот