Коронавирусот ги топи парите во спортот

Олимпијада во Токио /twitter/Fast World News

Одложувањето на големите спортски натпреварувања им носи милионски загуби на спортистите, организаторите, организациите…

Спортот на глобално ниво бележи огромни финансиски загуби поради кризата предизвикана од коронавирусот.

 

Само одложувањето на Олимписките игри во Токио го стави организаторот во минус од најмалку 10 милијарди долари, пишува „Марка“.

Премиер лигата е најгледано фудбалско првенство во кое се вртат милијарди евра, а доколку не се доиграат последните девет кола, тогаш загубите ќе изнесуваат дури 1.2 милијарди евра само од ТВ правата.

Шпанската Ла Лига ќе загуби 938 милиони евра, Бундеслигата 740 милиони евра, а Серија А 641 милион евра, и поради тоа челниците на лкигите бараат начин како да се доиграат првенствата за да не ги загубат парите.

Откажувањето на трките во Формула 1 носат „минус“ од 107 милиони евра, а трките од Мото ГП 57 милиони евра.

Кај четирите најпопуларни спортови во САД, најголеми загуби ќе има МЛБ нејзбол лигата, од 2.1 милијарди евра бидејќи првенството беше на самиот почеток.

НХЛ ќе загуби 986 милиони евра, НБА лигата 916 милиони евра. додека најпопуларниот спорт во САД, НФЛ лигата би можела да загуби 1.2 милијарди евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот