Компромисот ја гарантира иднината и пријателството меѓу Бугарите и Македонците, вели француската амбасадорка во Софија

Флоранс Робин / фото: Јутјуб/принтскрин

Сите заедно, Бугарите, Македонците, како и француското претседателство со Европската унија, работевме заедно за да може Европа да биде посилна, за историските проблеми меѓу Бугарија и Северна Македонија да наидат на поголемо разбирање, изјави денеска амбасадорката на Франција во Софија, Флоранс Робен.

– Бевме отворени, ја слушавме и едната и другата страна и мислам дека успеавме и постигнавме компромис кој ќе ја гарантира иднината и пријателството меѓу народите, посочи амбасадорката Робен во изјава за БГНЕС.

Според неа, Европа во моментов мора да биде обединета пред огромните предизвици што ги носат многуте кризи со кои се соочуваме.

– Сега повеќе од кога било, европскиот континент треба да биде заедно, сите треба да се здружиме за да ги надминеме сите потешкотии и предизвици со кои се соочуваме, затоа најважно од сè е, иако сме различни, да бидеме обединети и да се движиме напред заедно, изјави амбасадорката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот