Комарците бегаат од овие билки: Засадете ги дома и нема да ви го загорчуваат животот

Фото: Профимедиа

Комарците предизвикуваат повеќе смртни случаи од сите останати опасни животни заедно. За разлика од здодевните крвопијци, ајкулите годишно убиваат 10 луѓе во светот, волците стотина, а змиите однесуваат до 50.000 жртви. Затоа, за комарците можеме да кажеме дека се вистински сериски убијци, бидејќи се виновни за смртта на 750.000 луѓе ширум светот. Немаат отров, не убиваат директно, но пренесуваат болести со смртни исходи.

Наскоро ни доаѓаат комарци, а доколку сакате да се заштитите без употреба на силни хемикалии против овие напасти, ве советуваме да ги засадите овие билки од кои бегаат комарците.

Невен

Цветот на ова растение се користи како чај, а е состојка и во многу кремови за убава и здрава кожа. Чајот од невен ги елиминира дигестивните проблеми и ги опушта крвните садови, а комарците не го сакаат неговиот мирис.

Жалфија

Незаменлива во секоја домашна аптека, жалфија се користи за плакнење на усната шуплина и грлото, ги отстранува симптомите на воспаленија во грлото, ги смирува воспаленијата и му помага на телото да се избори против инфекциите.

Жалфијата се користи во јадења за кои е потребен силен вкус и арома, а токму таа арома комарците не ја сакаат. Одгледувајте жалфија во саксија во близина на прозорец низ кој можат да влезат комарците.

Босилек

Студиите покажале дека етеричното масло од ова вкусно растение е многу отровно за убивање на ларви од комарци. Засадете го ова неверојатно растение и така ќе можете да влијаете на контролата на размножуввање на овие инсекти.

Лаванда

Еден од многу интересните факти кои не ги знаеме за лавандата е дека таа во голема мера може да ги одврати инсектите како што се комарците, молците и мувите. Затоа, употребата на какви било производи за нега на кожа на база на лаванда може да спречи каснување од комарец. Доколку немате такви препарати, засадете лаванда во вашата градина и кога ќе порасне, можете да ги откорнете цвеќињата и да ја втриете во кожата.

Д-р Бранимир Несторовиќ откри трик: Кој го пие овој витамин, од него бегаат комарците

Неколку причини зошто сте им „привлечни“ на комарците: Пиете пиво, носите темна облека и често се потите

Имате проблем со мравки, муви, комарци, лебарки? Ова се најдобрите органски инсектицити за вашиот дом!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот