Неколку причини зошто сте им „привлечни“ на комарците: Пиете пиво, носите темна облека и често се потите

Profimedia
Фото: Profimedia

Ладно пиво во текот на летото, „привлечно“ како за луѓето, така и за комарците. Според резултатите од една јапонска студија, луѓето кои пијат пиво се попривлечни за комарците.

Бидејќи тие сакаат овошни и цветни мириси, „крафт“ пивото е особено привлечно за комарците. Тајната е во јаглеродниот диоксид што го чувствуваат на десетици метри, зголеменото ниво на етанол во потта и повисоката телесна температура, пренесува „N1“.

Со ладно пиво секогаш оди и скара особено за викендите. Чадот ги „гуши“ нивните сетила, што им отежнува да ве најдат. Ако сте некаде во природата каде што можете да запалите оган, корисно е да додадете билки што ќе ги избркаат, како што се лаванда, рузмарин или босилек.

Темните бои повеќе ги привлекуваат

Кога носиме потемна облека, комарците подобро не гледаат. Значи, ако сакате да бидете невидливи за нив, заборавете на црната или другите потемни бои. Белите ленени кошули или лесните светли маички се подобар избор отколку потемните парчиња облека.

Лична хигиена

Ако заборавите на дневната рутина при извршување на хигиенските навики, ќе бидете попривлечни за комарците, кои се особено среќни и доколку сте заборавиле да ставите дезодоранс. Едноставно потта и урината служат како аларм за комарците дека е „време за ручек“.

Стероидите и топлината на телото за комарците се како „роденденска торта“, па затоа не треба да бидете изненадени доколку ве забележат после вечерно трчање или вежбање.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот