Д-р Бранимир Несторовиќ откри трик: Кој го пие овој витамин, од него бегаат комарците

Бранимир Несторовиќ
Фото: Принтскрин / Youtube

Српскиот доктор Бранимир Несторовиќ Несторовиќ советува како да се заштитите себеси и своите најмили од здодевните крвопијци – комарците, и тоа на сосема природен начин.

– Постојат едноставни, природни начини како да се одбијат комарците, како користење на витамин Б комплекс, особено витаминот Б1 кој има мирис кој ги одбива женските комарци – кои боцкаат. Кога го внесувате овој витамин, комарците бегаат бидејќи мирисот на потта им е непријатен, а сличен ефект предизвикува и лукот – тврди Несторовиќ за „Линк ТВ“.

Доктор Несторовоиќ, како особено ефикасен начин на одбивање на инсектите наведува и една стара, добро позната билка – копривата.

– Копривата убива сè што постои. Наберете коприва, ставете ја да отстои во фрижидер 5 дена во вода и со таа вода испрскајте низ домот. Инсектите ќе исчезнат за неколку часа – тврди д-р Несторовиќ.

Старите билки како копривата, со текот на времето развиле одбранбени системи кои ги штитат од вируси, бактерии, габички и од други билки, па затоа се ефикасни.

Ако сепак дојде до убод, чешањето претставува еден од најголемите проблеми, а д-р Несторовиќ како решение предлага уште еден стар рецепт – еозин.

– Еозинот помага, црвената боја која се мачка за да се намали чешањето и да се спречи инфекцијата. Но, ако се направат рани и пликови, тогаш тоа не вреди, и на ред доаѓа друг стар лек – цинк оксид – односно цинкова маст. Со неа може да се мачкате неколкупати дневно бидејќи има антисептично и антиалергиско дејство – објаснува Несторовиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот