Колку овошје и зеленчук треба да јадеме секој ден?

Фото: Профимедиа

Многу луѓе не успеваат да изедат пет порции овошје и зеленчук дневно, но новото истражување покажува дека и таа количина е мала, ако сакаме да бидеме комплетно здрави.

Едно шпанско истражување покажа дека лицата кои јадат седум порции овошје и зеленчук дневно, живеат една година повеќе од оние кои ја немаат оваа навика.

Истражувањето покажа дека големата количина на овошје и зеленчук не штити од срцевите заболувања.

Лицата кои дневно внесуваат повеќе од 570 грама овошје и зеленчук распределени во 7 порции, имаат 10 проценти помалку шанси да починат предвреме и во просек живеат 1,12 години повеќе од лицата кои консумираат помалку од 250 грама дневно.

Фото: Профимедиа

Истражувањето покажува дека секои 200 грама од овие намирници над дозволената доза го намалуваат ризикот за предвремена смрт за шест проценти.

Значи, за да ги избегнеме честите разболувања, да го одржуваме нашиот организам повитален, да бидеме поздрави и да си го продолжиме животот треба да конзумираме повеќе од 570 грама овошје и зеленчук кои ќе ги распределиме во 7 или повеќе порции во текот на еден ден.

Затоа истражувачите веруваат дека речиси три проценти од смртните случаи можат да се спречат само со промена на навиките во исхраната.

Фото: Профимедиа

Претходните истражувања покажаа дека зголемувањето на препорачаната дневна доза на овошје и зеленчук може да го намали бројот на лица со хронични болести, како и стапката за смртност и тоа за 10 до 25 проценти.

Големата количина овошје и зеленчук особено се препорачува за лицата кои консумираат алкохол, пушат цигари или имаат прекумерна телесна тежина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот