Вреди Фото: Фејсбук Вреди

„Кој сè ќе оди курбан заедно со Артан Груби, дали ќе му го зададе фаталниот удар на Ахмети?“, прашуваат од Вреди

Откако утрово поранешниот прв вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците од редовите на ДУИ, Артан Груби, се појави на граничниот премин Блаце, по што веднаш беше приведен, со реакција се огласија од владејачката коалиција Вреди.

Оттаму велат дека конечно се предаде „црната кутија за владеењето на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Артан Груби“.

„Сега не му останува ништо друго освен да се соочи со сопствените гревови. Артан Груби е учесник и извршител на сите матни зделки на ДУИ. Затоа, Мала Речица се тресе од страв затоа што не знаат што сè е подготвен да прозбори“, наведуваат во соопштението од Вреди.

Оттаму оценуваат дека откако ДУИ катастрофално изгубиле на локалните избори минатата година и „паднаа во вода сите лажни ветувањата на нејзиниот лидер Али Ахмети за предвремени избори и наводен влез во владата“, на Груби не му останува ништо друго освен „да се соочи со сопствените гревови“.

Од Вреди прашуваат и дали Груби сега ќе им го зададе фаталниот удар на Ахмети и на ДУИ.

„Но, кој сè ќе оди курбан заедно со него, допрва ќе видиме“, велат од ВЛЕН.

Артан Груби веќе е во Шутка – објавено видео на кое е со насмевка

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот