Кој одлучи дека Марко треба да плива 64 километри?

facebook.com/MarkoPejchinovskiOfficial/

И покрај тоа што не успеа во својата храбра намера, Марко доби голема поддршка и неговиот подвиг треба да служи како вистински пример.

Но, секако има и критики, се поставуваат прашања зошто се дозволува, односно ризикува со дете кое има само 13 години да исплива толкав број на километри во водите на Охридското езеро.

Меѓу нив се огласи и прославената пливачка Наташа Мешковска:

– Почитувани пријатели, дали Марко можеше да плива 10км, за подигање на свеста? Кој одлучи дека треба да плива токму 64км? Кој е докторот кој даде одобрување за вакво нешто? Со кој памет федерацијата го одобри и поддржа настанот? Најдобронамерно, апел до родителите и тимот (ако воопшто го има), во иднина, консултирајте стручни лица пред да го ставите детскиот живот во опасност? Ако не им верувате на нашите, консултирајте било кој од фелата во регионот –

(фејсбук статус на авторот)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот