Кога во животот ви е тешко – Трикот на Ричард Гир ќе ви ја врати насмевката на лицето

profimedia

Доколку имате дарба да забележувате детали, веројатно досега сте забележале дека Ричард Гир е секогаш насмеан. Холивудскиот актер вели дека насмевката е на неговото лице не само на јавните настапи кога е опкружен со фотографи, туку и зад камерите кога е во своите 4 ѕида.

Ричард Гир тежнее секогаш да биде смирен и да не бара проблеми таму каде што ги нема. Вели дека животот е онаков каков што ние ќе го креираме и секој е кројач на сопствената среќа.

Секако дека постојат ситуации кои не се поволни и денови кои се полоши од останатите, но и за тоа постои решение. Актерот открил како успева од секоја ситуација да излезе како победник и да не дозволи негативните емоции да го совладаат. Верувале или не, тоа го постигнува со помош на само една реченица.

profimedia

„Постои моќна вежба која е многу едноставна, а истата започнав да ја користам пред многу, многу години. Кого и да сретнам на патот, дали тоа е човек или инсект, првата мисла која му ја упатувам е: Ти посакувам среќа”.

„Оваа идеја во целост менува што се случува помеѓу вас и таа личност. Го велам тоа од лично искуство. Понекогаш тоа е многу тешко кога ќе сретнете непријател или ќе се најдете лице во лице со неочекувано тешка ситуација, но оваа мисла е многу корисна. Таа нè учи да не дозволуваме негативните емоции да нè совладаат”, вели актерот.

Кога ќе забележите дека ви се јавуваат негативни емоции, имате време да ги совладате пред да ја преземат контролата над вас. Претворете го бесот и лутината во љубов. Позитивните мисли се клучот за среќен живот, а судејќи според Ричард Гир, оваа метода навистина дава резултати.

profimedia

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот