Клучно парче облека за креирање на моќен есенски стајлинг: Ваков мантил секоја жена од стил мора да има! (ФОТО)

Фото: Профимедиа

Овој модел се почесто ќе го гледаме во наредната сезона…

Мантилот е задолжителен за оваа есен, а доколку го немате во вашиот плакар, побрзајте да си набавите некој.

На врвот од модната листа ќе се најде долгиот, струкиран модел во кој секоја жена ќе изгледа како милион долари.

Ќе биде доволно да инвестирате во еден квалитетен мантил, бидејќи ќе можете да го носите во повеќе прилики. Совршено ќе изгледате во полежерните комбинации, а сосема одлични ќе бидете и во свечените аутфити.

Ова парче облека на секој стајлинг му дава доза на елеганција и само за момент обичниот аутфит го претвара во моќен.

Експертите велат дека бојата на облеката влијае на расположението, па затоа советуваат да изберете некој во посилна боја и да ја разбиете монотонијата на сивите денови.

Погледнете како тоа го сторија познатите дами…

Фото: Профимедиа
Фото: Профимедиа
Фото: Профимедиа
Фото: Профимедиа
Фото: Профимедиа
Фото: Профимедиа
Фото: Профимедиа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот