Ким се пофали со новата бања, а фановите ја исмеаја – Ти се расфрлаш додека луѓето умираат! (ВИДЕО)

Ријалити ѕвездата Ким Кардашијан сопругот Канје Вест ја изненади со нова бања на чија средина има растенија, од различен вид.

Ким Кардашијан заврши со средувањето на бањата во луксузната вила, па веднаш се пофали на Инстаграм со новиот изглед на оваа просторија.

Таа напиша дека нејзината бања изгледа како магична шума, а со реновирањето ја почастил нејзиниот сопруг Канје Вест.

инстаграм

– Пристигнав дома и целата бања ми е уредена како магична шума. Прекрасна е и многу е убава!, изјави Ким додека снимаше кратко видео.

На средина на бањата се наоѓаат разни билки декорирани во различни облици и бои, на кои Ким се фокусираше во видеото, а на страна има две фотељи, како и стаклен дел за туширање и бањање.

Ким ги снимаше билките од кои беше воодушевена, за разлика од нејзините фанови.

инстаграм

Некои од фановите и пишаа дека ова не изгледа на бања туку на двор, а други пак и рекоа дека таа се расфрла додека луѓе во светот умираат.

Ким и Канје се во вилата која ја купија за речиси 20 милиони евра, а исто толку вложија да ја реновираат.

View this post on Instagram

Kim via IG Story! Bathroom goals or no?

A post shared by Kim Kardashian Updates (@kimkardashiansnap) on

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот