Ким Кардашијан е најлошата сестра на светот, објавила ретро фотографија на која само таа изгледа добро (ФОТО)
Иако сите сестри изгледаат сосема поинаку од денес, очигледно е дека само Ким изгледа добро на оваа ретро фотографија, па токму затоа и ја објавила.
Ким Кардашијан често сака да се присетува на моментите од минатото кои потоа ги објавува на својот Инстаграм профил. Тоа го направи и вчера кога објави фотка од себе и сестрите која е направена во 2007 година.
Иако сите сестри изгледаат сосема поинаку во однос на денес, очигледно е дека само Ким изгледа добро, па токму затоа и ја објавила фотографијата.
„Babies at Benihana“, напиша Ким во описот на фотографијата, а најмладата сестра Кајли во коментарите и порача веднаш да ја избрише фотографијата.
Ким не го направи тоа, а во коментарите сите ја осудија дека е себична и лоша сестра.
На фотката недостасува најстарата сестра Кортни, а многумина веруваат дека тоа е така затоа што само таа низ годините минимално се променила, па Ким не сакала да ја засени.