Кевин Спејси бара судот да ја отфрли тужбата за сексуален напад против него

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Адвокатите на Кевин Спејси (62) од судот побараа да се отфрли обвинението на Ентони Реп за наводен сексуален напад кој се случил на забава во текот на осумдесеттите години, а за кој Спејси тврди дека е лага и дека никогаш не се случил.

Реп тврди дека ја посетил забавата во 1986 година кога имал само 14 години. Таа се одржала во станот на тогаш 26-годишниот Спејси, а славниот актер, како што тврди Реп, во еден момент започнал да го допира по задникот, го подигнал во височина, го фрлил на кревет и легнал врз него. Реп додаде и дека бил присилен да се ослободи од неговата прегратка пред да ја напушти забавата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kevin Spacey (@kevinspacey)


Адвокатите на Спејси тврдат дека целата средба траела помалку од половина минута и дека немало потреба од „ослободување“ бидејќи не постоело фаќање за задникот како сексуално задоволување, ниту понижување или злоставување на Реп. Спејси порекнува дека било што од тоа што Реп го навел некогаш се случило.

Тужбата на Реп поттикна многу други лица да реагираат за слични нешта, а сите тие настани, се чини дека и ставија крај на кариерата на Спејси. Атерот тогаш изјави дека не се сеќава дека нешто такво се случувало, но сепак се извини.

Исто така, тужба покрена и маж кој го обвини актерот за сексуален напад во 2019, но тужбата е отфрлена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот