Ќерката на славниот готвач Гордон Ремзи 3 месеци престојувала во болница за ментални болести: Холи (21) двапати била сексуално нападната!

Фото: Инстаграм

Холи била на колеџ кога доживеала напади и развила сериозни психолошки проблеми…

Ќерката на славниот готвач Гордон Ремзи, Холи (21), откри дека поминала 3 месеци во болница за ментално здравје, откако страдала од ПТСН поради сексуални напади.

Холи детално објасни како на Универзитетот ѝ било дијагностицирано посттрауматско стресно нарушување, што било резултат на два сексуални напади кога таа имала 18 години. Потоа таа го напуштила Универзитетот и по една година била примена во болница за ментално здравје.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by HollyAnna Ramsay (@hollyramsayy)


„Одев на универзитет, студирав моден дизајн и тоа навистина ми се допаѓаше. Но, во втората половина на првата година бев под влијание на мојот ПТСН и немав идеја што ми се случува. Многу излегував, пропуштав часови. Не уживав. Се мачев. ПТСН беше резултатот на двата сексуални напади кои се случија кога имав 18 години“, раскажа таа отворено.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by HollyAnna Ramsay (@hollyramsayy)


„На никого не кажав за тоа. Дури една година подоцна. Го ставив тоа искуство во кутија и го закопав некаде во задниот дел на умот. Во болницата ми дијагностицираа ПТСН, анксиозност и депресија. Оттогаш, бев на терапија три пати неделно. Сега имам дијагнози што ги носам со себе и ќе ги носам уште долго. Навистина е збунувачки и сега се обидувам да извлечам нешто добро од сето тоа“, призна Холи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by HollyAnna Ramsay (@hollyramsayy)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот