Кениецот Кипчоге го урна сопствениот светски рекорд во маратон

Елиуд Кипчоге од Кенија е најдобриот светски маратонец/Берлин, Германија/25 септември 2022/фото: EPA-EFE/FILIP SINGER

Елиуд Кипчоге од Кенија го собори сопствениот светски рекорд на Берлинскиот маратон, на кој учествуваа 45.000 натпреварувачи.

Неверојатниот 37-годишен Кениец ја истрча трката долга 42.195 метри за два часа, една минута и девет секунди, соборувајќи го рекордот за точно 30 секунди.

Уште од самиот старт на трката беше јасно дека најдобриот светски маратонец ќе има одлично време бидејќи првите 10 километри ги истрча за одлично време од 28:23 минути.

Во самиот финиш илјадници фанови во Берлин, кои го бодреа покрај патеката, сфатија дека може да го собори рекордот, па гласно навиваа, а Кипчоге на крајот успеа да постави нов светски рекорд.

Инаку, Кипчоге е единствениот маратонец во светот кој успеал да истрча маратон за помалку од два часа, но тоа го направил на кружна патека и придружуван од други тркачи кои му даваа ритам што му бил потребен за да ја заврши трката под два часа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот