Казна затвор до пет години за брзо возење во Полска
Од 1 август годинава, Полска значително ги заострува казните за несовесните возачи. Новите правила ги опфаќаат сите, и домашни и странски возачи, вклучувајќи туристи и професионалци зад воланот. Полската влада одлучи да одговори на зголемениот број сообраќајни несреќи со воведување построги правила, вклучително и затворска казна за сериозно пребрзо возење и нелегални трки. Со новите законски измени, пребрзото возење и загрозувањето на другите учесници во сообраќајот ќе се третираат како кривични дела.
Препорачано
Доколку возачот ја надмине брзината за повеќе од 50% на автопатите и експресните патишта, или двојно повеќе на обичните патишта и ги загрози другите, може да заврши зад решетки до пет години. Во случај на несреќа со фатален исход, казната се зголемува на десет години затвор. Можна е и трајна конфискација на возилото.
Претходното тримесечно одземање на возачка дозвола за надминување на брзина од 50 км/ч, кое важеше само во населени места, сега се применува и на отворени патишта.
Странците не се ослободени – без разлика дали доаѓаат за туризам или работа, правилата се исти за сите. Полицијата може привремено да ја одземе возачката дозвола на лице место, дури и ако е издадена во странство, и да ја предаде на амбасадата. Доколку возачот ја прекрши забраната, може доживотно да му биде забрането да вози во Полска.
Казни над 70 евра може да се наплатат дури и во земјата од која доаѓа возачот, преку меѓународна соработка на надлежните институции, објавува Феникс.


