Караџовски со апел до ЈСП: Зголемете го бројот на автобуси!

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Градоначалникот Шилегов во повеќе наврати објаснува дека нема потреба да се зголеми бројот на автобуси, односно да се врати делничниот возен ред на претпријатието. Но, претседателот на Комисијата за заразни болести, Жарко Караџовски не мисли така.

Граѓаните на Град Скопје кои го користат јавниот автобуски превоз не се во можност да ги следат и почитуваат мерките на Комисијата за заразни болести, која препорачува да се избегнуваат гужви.

Со месеци Слободен печат известува за несоодветното работење на ЈСП Скопје, чии автобуси возат по саботен возен ред, и опасноста од ширење на коронавирусот во преполните автобуси, кои граѓаните ги чекаат и по 40 минути на автобуските станици.

Градоначалникот Шилегов во повеќе наврати објаснува дека нема потреба да се зголеми бројот на автобуси, односно да се врати делничниот возен ред на претпријатието. Но, претседателот на Комисијата за заразни болести, Жарко Караџовски не мисли така.

Тој нагласува дека би било пожелно да има поголем број автобуси, за да се овозможи држење дистанца помеѓу патниците.

Апелирам да има повеќе автобуси, и да има поголем ред во градскиот превоз. Не може да нема автобуси, ќе запре градот. Ние ова како предлог ќе го доставиме формално до премиерот односно до Владата, а потоа очекувам постапување согласно нивните ингеренции, рече Караџовски.

Караџовски: Не може кој како сака да се однесува во моментот кога државата гори (ВИДЕО)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот