Караџовски: Не може кој како сака да се однесува во моментот кога државата гори (ВИДЕО)

Комисијата за заразни болести не размислува за предлог мерка-воведување наполициски час. Ова денеска за Слободен печат го изјави претседателот на Комисијата, др. Жарко Караџовски.

Новите предлог мерки кои биле донесени на денешниот утрински состанок со Комисијата за заразни болести се целосна забрана за организирање на настани, скратување на работното време на сите економски субјекти до 23 часот и капацитетот во јавниот превоз да биде исполнет до 50 отсто.

-Комисијата од почетокот на пандемијата одржа 129 седници на кои предложи многу мерки за справување со Ковид 19. Некои од мерките се прифатија, некои не се прифатија. Со сегашната динамика на ширење а вирусот, овие мерки кои ги предлагаме се надеваме дека ќе го намалат бројот на нови случаи, единствено Франција има полициски час, ние не размислуваме, но ако растат бројките ќе мора да размислиме и за таа опција. Тоа не зависи само од нас, туки и од ти кои што треба да ги почитуваат мерките, рече Караџовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот