Адвокат за разводи открива: Мажите почесто изневеруваат, но жените тоа го прават подобро
Њујоршкиот адвокат за разводи Џејмс Секстон, кој повеќе од две децении работи на сложени бракоразводни постапки, во интервју за поткастот „Тригернометри“ сподели интересни согледувања за неверството и за тоа како мажите и жените различно го доживуваат предавството во врската.
Препорачано
Според неговото искуство, неверството е присутно кај двата пола, но постојат забележливи разлики.
„Мажите почесто изневеруваат, но жените тоа го прават подобро“, вели Секстон.
Тој објаснува дека жените многу повешто ги прикриваат трагите, па затоа поретко се откриваат.
„Жените одат до крај. Мажите најчесто прават глупости“, додава адвокатот.
Различни прашања кога ќе се открие неверството
Секстон истакнува дека реакциите на партнерите по откривањето на неверството речиси секогаш се разликуваат.
„Кога маж ќе дознае дека сопругата го изневерила, првото прашање е: „Дали спиеше со него?“
Од друга страна, според него, жените најчесто поставуваат поинакво прашање.
„Кога жена ќе дознае дека сопругот ја изневерил, обично прашува: „Дали ја сакаш?“
Според адвокатот, овие прашања откриваат различен начин на размислување. Жената, всушност, сака да дознае колку емоционално му значи другата личност и дали таа претставува закана за нивната врска.
Кај мажите, пак, реакцијата почесто е насочена кон физичкиот аспект на неверството.
„Тоа покажува колку длабоко се вкоренети нашите ставови за бракот и партнерските односи“, смета Секстон.
Неверството не е секогаш почеток на крајот
Според неговото искуство, неверството има улога во околу 75 до 80 проценти од разводите. Сепак, тој предупредува дека аферата не е секогаш вистинската причина за распадот на бракот.
Во многу случаи, вели тој, врската веќе подолго време била нарушена, а неверството било само последниот настан што довел до развод.
Секстон потсетува дека неверството е тема што го следи човештвото со векови и дека се споменува уште во Десетте Божји заповеди. Затоа, според него, тешко е со сигурност да се каже дали изневерувањето е главната причина за разводот или само показател дека бракот веќе бил пред распаѓање.
„Ако ме прашате во колкав процент од разводите неверството има улога, би рекол во околу 75 до 80 проценти од случаите“, заклучува адвокатот.
Дали сте слушнале за новиот вид неверство? Сите сме го направиле барем еднаш!


