Фото: Pixabay

Негативните емоции ја имаат својата цел, научете како да ја препознаете

Во секојдневието нашиот ум произведува илјадници мисли кои често се вртат во круг. Бидејќи станува збор за огромна бројка, не можеме секоја мисла свесно да ја регистрираме, но сигурен показател за нивната вистинска природа се токму нашите емоции.

Сите сакаме да чувствуваме среќа и мир, додека негативните чувства како што се немирот, тагата, лутината, бесот… нѐ не прават несреќни. Меѓутоа, тие имаат исклучително важна цел и порака, објаснува интуитивната и фенг шуи советничка Николина Баленовиќ.

Profimedia
Депресија и анксиозност / Фото: Архива на Слободен печат

Што значат негативните емоции?

Внатрешниот немир е индикатор дека нешто мораме да решиме во себе. Наместо да бегате од него или да го потиснувате, подобра опција е да влезете во тоа чувство и да се запрашате: Што ми создава немир? Од што се плашам? Често зад него се крие внатрешно дете кое се плаши и кое не сака да биде повредено.

  • Лутината покажува дека некој ги преминал личните граници, дека сме дозволиле некој да ни ги активира истите, или пак дека нашето внатрешно дете не го добива она што го сака.
  • Љубомората открива дека не веруваме дека можеме да го имаме она што го посакуваме, па се лутиме што другите го имаат истото.
  • Депресијата е огромен сигнал кога премногу мисли насочуваме кон чувството на помала вредност, немоќ и безнадежност. Тоа е момент кога целото наше битие вика во помош.
Тага – Фото: Pexels/Liza Summer

Како да си помогнете во миговите на неавтентична и интензивна емоција?

За помали емотивни набои, стручњаците препорачуваат неколку едноставни чекори кои брзо носат олеснување:

  • Откријте што чувствувате – имајте целосна свесност за моментот.
  • Дозволете си да чувствувате – тоа не значи дека дејствувате во согласност со бесот, туку дека во безбеден простор свесно ги доживувате емоциите сами со себе.
  • Бидете нежни и грижливи кон себе.
  • Дишете длабоко.
  • Прифатете ја состојбата – прифатете дека се чувствувате така како што се чувствувате.
  • Потсетете се дека сѐ поминува – така ќе помине и овој енергетски набој.
Летна депресија – Фото: Pexels

Користете техники како „тапкање“ (EFT) – исклучително брза метода за енергетско отпуштање и пропуштање на емоциите низ телото.

За многу интензивни емоции кои долго траат, чиј корени се во подлабоки трауми или секојдневно ви го нарушуваат квалитетот на животот, секогаш е препорачливо да побарате стручна помош.

Емоциите се енергија во движење. Кога ќе научиме свесно да ги изразуваме и да владееме со нив, наместо тие со нас, учиме како да живееме исполнет и квалитетен живот.

Што е посебно кај луѓето кои лесно плачат — цитатот на Алекса Шантиќ открива каква душа имаат тие

Можеме ли да влијаеме на сопствените мисли и верувања? 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот