Спас за летните горештини — ставете го ова на дното од кантата и заборавете на непријатните мириси
Летните горештини не носат само сонце и високи температури, туку и една непријатна појава во многу домови – силен мирис што се шири од кантата за отпадоци, пишува „Вечерњи лист“.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Топлината го забрзува распаѓањето на органскиот отпад, особено на остатоците од овошје, зеленчук и месо, создавајќи идеални услови за развој на бактерии. Токму тие ги ослободуваат непријатните мириси и привлекуваат инсекти.Пред да примените каков било трик, важно е кантата темелно да се чисти. Остатоците од течности и храна често се задржуваат на дното и по ѕидовите, па дури и новата кеса не може да го спречи ширењето на мирисите.
Експертите препорачуваат кантата да се мие најмалку еднаш неделно со топла вода и детергент. За подлабинско чистење, може да се употреби раствор од оцет и вода или сапуница, а потоа кантата целосно да се исуши на сонце. Ултравиолетовите зраци дополнително помагаат во намалување на бактериите.
Една од најефикасните природни состојки против непријатните мириси е содата бикарбона. Таа не ги прикрива мирисите, туку ги неутрализира, а истовремено ја впива и вишокот влага што го поттикнува развојот на бактерии. По секое миење и сушење на кантата, доволно е да ставите две до три лажици сода бикарбона на дното, пред да ја поставите новата кеса. Ако фрлате храна со поинтензивен мирис, може да посипете малку сода и директно врз отпадот.
За дополнително освежување, на парче хартиена салфетка или памук ставете десетина капки етерично масло од лимон, лаванда, чајно дрво или еукалиптус и поставете го на дното од кантата, под кесата. Мирисот постепено ќе се ослободува со денови, а некои масла, како она од чајно дрво, имаат и природни антибактериски својства.
Добра алтернатива се и кори од лимон или портокал, како и сув талог од кафе, кој одлично ја впива влагата и непријатните мириси.
Доколку имате мачка, може да искористите и мал слој чист песок за мачки. Тој е создаден токму за впивање на влагата и неутрализирање на мирисите, па може да биде многу практично решение и за кантата за отпадоци.
Покрај овие трикови, важно е кантата редовно да се празни, особено во лето, дури и ако кесата не е целосно полна. Користете поквалитетни кеси што не пропуштаат течности и држете ја кантата подалеку од директна сончева светлина или други извори на топлина, бидејќи високите температури дополнително го забрзуваат создавањето на непријатни мириси.
Може да биде опасно! Никогаш не ставајте ги овие предмети во корпата за отпадоци


