Караџовски е хоспитализиран на Инфективната клиника

Претседателот на Комисијата д-р Жарко Караџовски / Скопје, октомври 2020 / Фото: Драган Митрески / Слободен печат

Хоспитализиран во болница е претседателот на Комисијата за заразни болести Жарко Караџовски. Од Клиниката за заразни болести во Скопје, за Алсат-М, потврдуваат дека докторот заедно со неговата сопруга се во добра здравствена состојба и се лекуваат само со лекови, без потреба од кислородна терапија.

Караџовски, кој е позитивен на Ковид-19 и самиот претходно потврди дека има и други здравствени проблеми. Клиниката за заразни болести е полна, но модуларната болница во нејзиниот двор е затворена, а пациентите се дисперзирани на интерните клиники поради намалениот број на лица кои имаат потреба од хоспитализација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот