• хоспитализиран

Хоспитализиран италијанскиот министер за одбрана

Италијанскиот министер за одбрана Гвидо Крозето итно е хоспитализиран во Рим поради сомневање за перикардитис, се вели во соопштението на Министерството во вторникот. Крозето (60) е „во многу добра состојба и може да биде пуштен во текот на денот, а здравствените контроли сè уште се во тек“, додаде извор од Министерството.