Ивица Дачиќ / Фото EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Дачиќ вечерва е итно примен во болница, го ставиле на апарати

Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, бил итно хоспитализиран во Универзитетскиот клинички центар на Србија, објави Нова.рс.

Како што дознава Нова, Дачиќ бил сместен во УКЦ поради проблеми што ги имал со здравјето во претходните денови.

Локалните медиуми објавуваат дека му е дијагностицирана двојна пневмонија и дека неговата состојба значително се влошила во последните неколку часа, па е ставен на апарати.

„Ситуацијата e сериозна. Тој има тешка пневмонија. Моментално е на механичка вентилација, односно на респиратор. Ги прима најдобрите антибиотици и целата друга терапија. Со тој респиратор купуваме време потребно тие лекови да дејствуваат. Се бориме за неговиот живот“, рекол помошникот директор за пулмологија, Спасоје Повевиќ, пренесува Б92.

Дачиќ бил примен на Пулмологија околу 16:30 часот.

Според Попевиќ, рано е за прогнози.

„Се трудиме да ја стабилизираме неговата состојба. Се надеваме на најдоброто, се бориме“, рекол докторот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот