Камиони на граничен премин Табановце/ Фото: „Слободен печат“' - Драган Митрески

Србија: Камионите ќе стојат сè до исполнување на барањата

Српскиот претседател Александар Вучиќ вчера изјави дека е подготвен да разговара со превозниците кои ги блокираат товарните терминали на граничните премини и додаде дека државата е подготвена да ги слушне нивните барања. Одговарајќи на новинарско прашање во Велика Дренова во врска со протестот на превозниците, тој рече дека секој пат барал од ЕУ барањата на превозниците да бидат земени предвид.

– Луѓето се борат за своите права. Не знам како да помогнам, секој пат барав од ЕУ да ги земат предвид нивните барања. Ако можеме да направиме нешто и да помогнеме, подготвен сум да разговарам и да ги слушнам нивните молби – рече Вучиќ.

Западен Балкан губи 100 милиони евра дневно поради блокадите на камионџиите, вели претседателот на Стопанската комора на Србија

Транспортерите од земјите од Западен Балкан, вклучувајќи ја и Србија, во понеделник напладне почнаа да го блокираат патниот транспорт на товарните премини со земјите од Шенген-зоната поради несоодветниот одговор на Европската комисија во врска со третманот, а исто така и ограничувањето на престојот поради дневните работни обврски. Вчера реагираше и премиерот на Србија, проф. д-р Ѓуро Мацут, кој изјави дека возачите на камиони блокирале повеќе од 20 товарни премини, што апсолутно е предизвикано од недоразбирањето и нефлексибилноста на администрацијата во Брисел, но дека се надева дека наскоро ќе се најде решение за транспортерите од Србија и регионот. Тој не можеше прецизно да каже кога проблемот ќе биде решен, наведувајќи дека разговарал со амбасадорот на ЕУ во Србија (Андреас фон Бекерат) и дека побарал итен состанок следната недела.

– Се надеваме дека ќе има некаков вид ослободување или барем привремено решение за овие луѓе да го добијат тоа, не мислам дека ќе има ригидно броење на деновите. Дадовме многу добри идеи, како што е броење часови наместо броење денови на престој. Знаете, кога влегувате на полноќ и една минута или минута пред полноќ, ви се смета денот кога сте влегле и веднаш следниот ден 24 часа, иако сте биле таму две минути – објасни Мацут- пренесе Политика.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот