Како да му помогнете на детето да научи одговорно да управува со парите?

Како ќе го научите вашето дете да се однесува со парите, така и ќе се однесува со нив. Сигурно целта ви е од него да направите млад човек кој ќе се стреми кон финансиска независност, а не кон тоа да ве гледа вас како непресушен извор на пари и постојано да очекува да ги пополните дупките кои тој самиот ги направил.

Касичка

Секое дете треба да има касичка во својата соба. Обрнете му внимание секогаш кога ќе ставите некоја паричка внатре за да сфати дека правите нешто важно, односно дека штедењето е важно. Растресете ја касичката и покажете му дека го цените тоа што штеди пари. Можеби на почетокот нема му биде мило што парите со кои може веднаш да добие нешто вие го терате да ги трга настрана, но кога ќе стигне наградата за тоа ќе биде помотивирано.

Џепарлак

Поголемите деца од пет години па нагоре веќе можат да добиваат џепарлак, се разбира доколку на таа возраст се доволно зрели за тоа, а сите деца не се развиваат исто. Ако му давате малку пари на почетокот на секоја недела и тоа знае дека со тие пари треба да помине до следната, кај него веќе ќе почне да се развива чувство на одговорност. Ќе научи дека количината на пари која секој човек може да ја потроши е ограничена и не може постојано да бара повеќе.

Касички за повеќе намени

Кога детето е поголемо и му давате џепарлак, насочете го кон штедење за различни намени. На онаа една касичка која ја има додајте уште две и сега едната нека биде за мали трошоци, како чоколатца и мали играчки, во другата нека штеди за да има пари самото да купи подарок за браќата, сестрите, другарите или другите блиски за роденден, а третата нека биде за некои поскапи работи. Секогаш кога ќе добие повеќе пари и малку ќе заштеди, ќе може да ги насочи каде што мисли дека треба.

Овозможете им и охрабрете ги да заработат

Ако тоа сака да купи нови ролерки, тротинет, велосипед или нешто слично кое чини неколку илјади денари, со џепарлакот од неколку стотини никогаш нема да успее самото да собере пари. Но, ако му овозможите некако да си ги заработи тие пари и така да добие уште некој извор на приход, тоа е можно, а ќе сфати и дека ако работи повеќе ќе има повеќе. Најдете му некоја задача која ќе мора да ја изработи за да заработи пари. Така ќе стекне и работна етика и подобро ќе ја научи врската меѓу поголемиот напор и поголемата награда.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот