Како да го спречите и излечите грипот и настинката со лековита исхрана

Во зимската сезона вирусите и грипот се вообичаени, еве како да се одбраниме од нив, почнувајќи од храната што ја консумираме.

Со зимската сезона, се зголемуваат шансите да се сретнеме со здодевната настинка, предизвикана од разните вируси што се наоколу.

Од античко време, ова заболување се лекувало на природен начин, понекогаш дури и со чудни лекови. Според античките Египќани, на пример, најдобриот лек бил да се пие мајчино млеко од мајка која родила машко дете. Денес пак, е познато дека одлична помош против настинки е витаминот Ц, но не само тој. За превенција од настинки, но и за лекување, неопходно е да се има соодветна исхрана. Некои видови на храна се вистински лек за настинки, бидејќи тие не само што го спречуваат вирусот, туку се и во можност да ги намалат симптомите.

Еве како да лекувате настинка преку исхрана.

Пилешка супа

Веројатно сте забележиле во американските филмови, дека протагонистите јадат пилешка супа кога се болни. Па, навистина така треба. Студијата објавена во Американскиот журнал за терапевтика (American Journal of Therapeutics) откри дека пилешката супа навистина има лековита моќ. Заслугата е на карнозинот, супстанција која се наоѓа во градите на кокошката, односно пилето, што помага во зајакнување на имунолошкиот систем и ублажување на симптомите на грип. Единствената маана е што придобивките се добиваат само кога супата поминува низ дигестивниот тракт, затоа би било подобро да се подготви во големи количини.

Моркови

Морковот е одлична намирница што треба да се јаде особено во постудените сезони. Богат е со витамини и минерали, кои играат важна улога во борбата против воспалението на бронхиите, фаринксот, грлото и дишникот. Морковите, ако се консумираат често, помагаат во спречување на сува кашлица. Исто така, ако веќе имате кашлица, консумирањето пире од морков ќе ви помогне значително да се ослободите од проблемот.

Морска риба

Конзумирањето риба, особено морска риба, е многу важно за подобрување на одбраната на нашиот имунолошки систем, бидејќи таа е богата со Омега 3 или полинезаситени масни киселини. Покрај тоа, морската риба е и лек за срцето, бидејќи ги штити артериите од мозочен и срцев удар. Морската риба е, исто така, богата со витамин Д, супстанција која може да се спротивстави на ширењето на вирусот, како и на микробите и бактериите во нашето тело. Витаминот Д е присутен само во храната од животинско потекло, затоа, доколку следите вегетаријанска или веганска диета, неопходно е да земате додатоци.

Киви

Кивито се смета за еден од најмоќните лекови против грип и настинка. Ова беше потврдено со истражувањето објавено во Британското списание на исхрана (British Journal of Nutrition) кое откри дека секојдневното консумирање киви не само што ги ублажува симптомите на грип, туку и го скратува времетраењето на болеста. Според оваа студија, заслугата треба да се припише на големата концентрација на еритроцити кои се во можност да го зголемат имунитетот на црвените крвни клетки.

Суво овошје

Сувото овошје, особено оревите, се растителна храна богата со цинк, минерал способен да ги забрза процесите на заздравување. Всушност, во минатото, било вообичаено да се дава на заболениот од грип, храна што содржи цинк, бидејќи помага да се врати силата и енергијата. Цинкот, сепак, не се наоѓа само во сувото овошје, туку и во друга храна, како што се џигерот и мешунките.

Тиква

Тиквата е храна богата со бета-каротин, супстанција која припаѓа на семејството на каротеноиди што телото ја преобразува во витамин А. – клучен во лекувањето на настинки. Витаминот А исто така придонесува за метаболизирање на железото, со што се обезбедува правилна оксигенација и правилно функционирање на сите метаболички системи, вклучително и имунолошкиот систем.

Брокула и карфиол

Не е само овошјето богато со витамин Ц, туку витамин Ц содржат и многу различни видови на зеленчук, како што се брокулата и карфиолот. Конзумирањето на витамин Ц е многу важно за правилно функционирање на имунолошкиот систем. Сепак, мора да се запомни дека за време на готвењето овој скапоцен витамин има тенденција да се „распадне“. Брокулата и карфиолот имаат и голема содржина на антиоксиданти, способни да се спротивстават на дегенеративното дејство на слободните радикали, одговорни за предвремено стареење и да ја стимулираат имунолошката одбрана што помага во заштитата на организмот од вируси и бактерии.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот