Израел: Истополовите парови ќе можат да имаат деца со помош на сурогат мајки

ЛГБТИ знаме / Фото EPA-EFE/ROLEX DELA PENA

Израел ги укина ограничувањата со кои им забрануваа на истополовите парови и самохраните мажи да станат родители преку сурогат мајки во земјата, потврдувајќи ја одлуката на Врховниот суд за укинување на забраната, пренесува Ројтерс.

„Ова е историски ден за борбата на ЛГБТИ заедницата во Израел“, рече министерот за здравство Ницан Хоровиц на прес-конференција.

Според претходните прописи, израелските истополови парови кои сакале да станат родители не можеле да го сторат тоа со помош на сурогат мајки во Израел, туку морале да направат трошоци и да ги најдат во странство.

Во јули, Врховниот суд, со петиција од активисти за правата на хомосексуалците, пресуди дека забраната за сурогат мајчинство за истополови двојки и самохрани мажи ги крши нивните права и мора да биде укината во рок од шест месеци.

Ограничувањата важеа само за договорите за сурогат мајчинство во Израел, а некои од оние на кои им беше забрането да го продолжат процесот дома, отпатуваа во странство за да го сторат тоа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот