Изборот на храна го диктира вашето здравје – Киселата средина во телото, причина за голем број на болести

Фото: Профимедиа

Многу болести потекнуваат од киселата средина во телото. Токму затоа, секој од нас, треба континуирано да се обидува да избегнува да внесува намирници кои важат за идикатори на ваквата состојба во организмот. Наместо тоа потребно е колку што е можно повеќе да се јадат алкални намирници. Токму ваквиот вид на храна има моќ да ја неутрализира  киселата средина во телото но и да му помогне да се бори против вируси и бактерии.

Според нутриционистите, здравите личности најдобро е да јадат балансирана исхрана, 50 отсто кисела и 50 отсто алкална храна, додека кај оние кои страдаат од хронични болести најдобро е 80 отсто од исхраната да биде алкална.

Доколку не знаете како е поделена храната, во тој случај, важно е да знаете кои се алкални намирници кои ни ги дала природата и се разбира да се обидувате редовно да ги внесувате во својот организам.

Некои од алкалните намирници кои не се лесно достапни се:

  • свежи и сушени кајсии
  • свежи јаболки
  • зрели банани
  • грозје и сок од грозје
  • суви и свежи сливи
  • цреши
  • сок од лимон и портокал
  • праски
  • лубеница
  • диња
  • свежи и суви смокви
  • рибизла
  • брусница
  • јагода и шумски овошја
  • зелка, карфиол, целер
  • свежи краставици
  • свежо цвекло
  • морков
  • јачмен, овес
  • магдонос.

За полесно да ја комбинирате храната, важно е да се знае и кои се т.н. неутрални намирници:

  • авокадо
  • тиква
  • бадеми
  • обичниот и слаткиот компир
  • киноа и амарант
  • маслиново и кокосово масло и кокосово млеко

Храна пак која треба да ја избегнувате е токму храната која создава кисела средина во телото. Како такви намирници се посочуваат:

  • црвените меса
  • старите сирења
  • процесираната храна
  • сувомеснати производи
  • рафиниран шеќер
  • газирани сокови
  • бел леб

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот