Исплива листата на „луди барања“ на Опра Винфри: Приватниот авион е само капка во морето
Опра Винфри (71) моментално е на турнеја во Австралија, а извори блиски на организацијата откриваат дека нејзините барања воопшто не заостануваат зад оние на најголемите светски ѕвезди, па дури се споредуваат и со претседателска посета.
Препорачано
Според магазинот „Воманс деј“ (Women’s Day), телевизиската икона на своите турнеи води цел тим луѓе кои се грижат сè да биде совршено. На листата на нејзините постојани барања се тим фризери и визажисти, лична масерка и возач достапен 24 часа на ден.
За сместувањето, Опра воопшто не штеди, во Сиднеј престојува во пентахус на хотелот „Crown Towers“, апартман вреден околу 46.000 долари за ноќ, истиот каде што престојувале и Тејлор Свифт и Дрејк. Апартманот се протега на два ката на 89. спрат и нуди спектакуларен поглед на познатото пристаниште.
Извор тврди дека промоторите на турнејата ги покриваат сите трошоци на нејзините „ѕвездени желби“, вклучувајќи и скапи патувања.
„Опра на турнеја патува само со свој приватен авион“, открива изворот, додавајќи дека таа неодамна добила нов Gulfstream G700 вреден околу 115 милиони долари.
„Многумина не сфаќаат дека промоторите плаќаат и гориво, па всушност не станува збор за заштеда во споредба со билети во прва класа“, додава изворот.
Зад сцената, сè функционира како по воен распоред. Опра со себе води голема придружба, има постојана услуга, лимузина и безбедносен тим достапен 24 часа дневно. Асистентите однапред ги истражуваат најдобрите ресторани во секој град и резервираат маси во неколку локали, а таа одлучува што ќе јаде во последен момент – стратегија која ѝ помага да биде чекор пред папараците.
Посебна улога има и стилистот кој ѝ помага да избере локални дизајнери каде и да се појави, па Опра на сцената и во јавноста често носи облека од дизајнери од земјата каде што гостува.
Опра Винфри му нуди 1,5 милион евра на Швајнштагер за интервју за разводот од Ана Ивановиќ?


