Исплатени се средства за постојните корисници на студентски и ученички стипендии, новите корисници ќе ги добијат неделава

Фото МИА

Средствата за постојните корисници за учебната, односно академска 2023-2024 година се исплатени. Новите корисници ќе бидат исплатени во текот на оваа недела, соопштија од Владата.

-Исплатата за новите корисници ќе се реализира во текот на неделата, со што сите средства кои им следуваат на сите категории ученици и студенти ќе им бидат целосно исплатени. Апелираме до сите засегнати субјекти да ги црпат информациите од надлежните институции кои располагаат со детални и точни информации, со цел навремено, прецизно и точно информирање на јавноста и секако на учениците и студентите, се вели во соопштението од владината прес-служба.

ФОТО: Црвен картон од студентите до Министерството за образование

И покрај исплатата на средствата од стипендиите, Универзитетското студентско собрание (УСС) на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје не се откажа од денешниот протест пред Министерството за образование и наука.

Со црвени картони и транспаренти тие пред зградата на Министерството го изразија незадоволството од неправдата што им беше нанесена и порачаа дека сакаат промени и одговорност.

Во пресрет на најавениот студентски протест, Шаќири апелираше до студентите да не дозволат да бидат манипулирани од дезинформации и злонамерни повици и својата енергија да ја насочат кон подобри резултати на испитите во февруарската сесија.

Шаќири до студентите: Не протестирајте, енергијата насочете ја кон испитите

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот