ФОТО+ВИДЕО: Црвен картон од студентите до Министерството за образование

Протест на студентите пред МОН/ Фото: „Слободен печат“, Драган Митрески

И покрај тоа што утрово на сметката на студентите легнаа средства од стипендии, средства од финансиската поддршка за меѓуградски превоз за јануари, како и средства за оние кои зедоа пониски стипендии, а не беа исплатени во декември, студентите не се откажаа од одржување на протестот.

Револтирани од ненавремената исплата на студентските стипендии, задоцнета исплата на ваучери за превоз, како и проблемите со мерката субвенциониран студентски оброк, студентите денеска одржаа протест пред Министерството за образование и наука.

Со црвени картони и транспаренти тие пред зградата на Министерството го изразија незадоволството од неправдата што им беше нанесена и порачаа дека сакаат промени и одговорност.

Протест на студентите пред МОН/ Фото: „Слободен печат“, Драган Митрески

Претседателот од Универзитетското студентско собрание (УСС) на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје, Александар Николовски порача дека студентите бараат промени и фокусот во државата да биде насочен кон младите.

Протест на студентите пред МОН/ Фото: „Слободен печат“, Драган Митрески

– Пораката е дека студентите се тука и фокусот треба да биде кон нив. УСС заедно со останатите универзитетски собранија ќе се залага за системски решенија за студентите – додаде Николовски.

Тој соопшти дека во моментов не се планира друг протест.

Протест на студентите пред МОН/ Фото: „Слободен печат“, Драган Митрески

Организатор на протестот е Универзитетското студентско собрание (УСС) на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје, со поддршка на студенти од уште неколку други универзитети во земјава, а на протестот им се придружи и неформалната организација „Студентски отпор“.

Протест на студентите пред МОН/ Фото: „Слободен печат“, Драган Митрески

И покрај тоа што утрово на сметката на студентите легнаа средства од стипендии, средства од финансиската поддршка за меѓуградски превоз за јануари, како и средства за оние кои зедоа пониски стипендии, а не беа исплатени во декември, студентите не се откажаа од одржување на протестот.

Од УСС порачаа дека протестот се одржува за „сите неправди што досега беа извршени врз студентите“.

Протест на студентите пред МОН/ Фото: „Слободен печат“, Драган Митрески

Неколку часа пред да започне протестот, министерот Јетон Шаќири соопшти дека средствата за стипендија се исплатени до сите студенти кои ги исполнуваат условите.

Во пресрет на најавениот студентски протест, Шаќири апелираше до студентите да не дозволат да бидат манипулирани од дезинформации и злонамерни повици и својата енергија да ја насочат кон подобри резултати на испитите во февруарската сесија.

Протест на студентите пред МОН/ Фото: „Слободен печат“, Драган Митрески

Ве повикувам да ја искористите концентрацијата и енергијата за поголем успех на испитите кои ги имате оваа недела, апелирам да не дозволите да бидете манипулирани од дезинформации и злонамерни повици. Со среќа, напиша Шаќири на својот фејсбук-профил.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот